Сите растенија кои се споменати во Кур’анот и достапни се во Обединетите Арапски Емирати наскоро ќе бидат засадени во парк од 60 хектари во ДУБАИ.

Тука покрај останатите растенија и дрвја, ќе има и смоква,калинка,маслинка,пченка,млад лук,бел лук,леќа,јачмен,пченица.џумбир,тиква, лубеница,банани,краставици, босилок…
“Во Кур анот се споменуваат 54 видови на растенија. Ние во паркот ќе имаме 35 од нив,а подоцна ќе го комплетираме со сите”, рекол Мохаммед Ноор Масхроом, директор на градскиот оддел кој и ќе го води овој проект.
Паркот кој ќе има тунел во кој ќе бидат представени чудата опишани со Чесниот Кур`ан во облик на слика и аудиоматеријал. Тематски паркот е наменет за едуцирање на јавноста за Кур`анот и неговите чуда, пишува весникот Емиратес 24/7. Водителот на проектот очекува дека паркот ќе привлече голем број на шкослки екскурзии, ама и излетници.
Паркот ќе има траки за трчање,бисиклизам,ама и простор за шетање,фонтана,оаза со палми и езеро. Работите на изградба на паркот би требало да започнат наредниот месец и се би требало да биде готово до септември идната година.










