Врховниот командант на шведските вооружени сили, Микаел Бајден, предупреди на опасноста од напад врз неговата земја и повика на внимателно следење на дејствијата на Русија, пишува „Sputnik“, пренесува „Dubai-Portal“.
„Не треба да се исклучи можноста за вооружен судир“, „Aftonbladet“ го цитираше Бајден.
Според разузнавачката служба, Шведска првенствено треба да се плаши од „хибридни и нелинеарни“ напади од Русија. Бајден ги повика воените и цивилните организации да се подготват за заеднички одговор и да ја зајакнат сајбер безбедноста.
Тој не појасни дали Шведска може да ја „исклучи електричната енергија на Русија“, но наведе дека државата мора да има можност да влијае на другите земји и да спречи реализација на сајбер операции.
Минатата есен, шведскиот парламент одобри зголемување на буџетот за одбрана до 2025 година на околу 8,8 милијарди евра, што ќе биде рекорден од 1950-тите.
Да потсетиме, Министерството за одбрана на Шведска, во јануари годинава објави низа снимки на својот „ЈуТјуб“ канал, на кои Русија беше претставена како главен непријател на државата во идните конфликти.
„Sputnik“
„Dubai-Portal“










