Иранскиот министер за надворешни работи, Мухамме Џавад Зариф, рече дека Иран верува дека Израел стои зад неодамнешниот прекин на електричната енергија во нуклеарната централа Натанц, додавајќи дека Израел се коцкал и изгубил.

Зариф исто така изјави дека нападот, врз Натанц ќе ја зајакне позицијата на Иран, во нуклеарните преговори.

„Израелците сметаа дека нападот ќе ја ослаби нашата позиција во преговорите во Виена, сепак, тоа ќе ја зајакне нашата позиција“, рече Зариф.

Техеран ќе побара одговор од Израел, ако се покаже дека стои зад нападот во Натанц, потенцира иранскиот министер, објави Спутник Интернешнл.

„Ве уверувам дека во блиска иднина, во погонот на Натанц ќе бидат инсталирани понапредни центрифуги за збогатување на ураниум”, рече Зариф.

Да потсетиме, во неделата се случи инцидент на мрежата за снабдување со електрична енергија во иранската подземна нуклеарна централа Нетанц, само еден ден откако Техеран започна нови, подобрени центрифуги за збогатување на ураниум.

Иранските власти соопштија дека сите оштетени центрифуги ќе бидат заменети со подобри и тие го окарактеризираа инцидентот како акт на „нуклеарен тероризам“. Тие исто така најавија дека го задржуваат правото да преземат соодветни мерки против сторителот.

„Ционистите сакаат да ни се одмаздат за напредокот што го правиме во укинувањето на санкциите. Тие јавно изјавија дека нема да ни го дозволат тоа. Но, ние ќе им се одмаздиме на ционистите”, рече претходно иранскиот министер за надворешни работи .
Израелските медиуми во голем број известуваа за инцидентот во Нетанцу, а израелскиот јавен радио сервис направи невообичаен чекор понатаму и објави дека израелскиот Мосад „игра централна улога“.


„Sputnik“

„Dubai-Portal“