Со проучувањето на езан за акшам намаз, и тропотот на тапанот, Подгорчани му посакаа добредојде на мубарек месец Рамазан.
Мубарек Рамазан е време во кое најсилно се отчитува личната побожност на секој човек за која Возвишениот Аллах вели дека не може да се мери ниту со било која од овадуњалучки вредности.
Рамазан е месец кој поврзува два значајни моменти во животот на муслиманите: обврската за пост и сеќавање на објавувањето на Кур`анот, заради тоа среќен е оној кој во месец Рамазан ќе одговори на поканата на Возвишениот Аллах, во постот да го пронајде својот мир со себе, со светот, да најде љубов кон Господ и спрема човекот, роднината и соседот.
[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=43m5jZL0_fE[/embedyt]
Месецот Рамазан, месецот на милост и опрост. Постот е столбот на овој месец. Со искрен и чист ниет да го испостиме овој месец, да го сочуваме својот јазик и заборавеме на изговарање на лошите зборови, а да се потсетуваме и правеме зикр. Да се оддалечеме од лошите дела и навики и приближиме до Аллах џ.ш, со правење на добри дела, помош на најблиските, обавување сите потреби за фамилијата и слично. Да се помолиме на единствениот Господар, ова искушение да го тргне и олесни на сите. Амин.
Со уверување дека месец Рамазан ќе ни ја донеси Аллаховата милост и опрост, Редакцијата на „Дубаи Портал“ од се срце на сите муслимани во нашава држава и странство им посакува среќни мубарек денови , денови поминати во пост, благосостојба и хармонија во своите домови. Нека ни е за многу години!
Во ова пригода редакцијата на „Дубаи Портал“ на сите припадници од исламска вероисповест им го честита доаѓањето на мубарек месец Рамазан, истиот да го поминат во мир, хармонија меѓу своите најблиски, да се потсетуваме на она што стои во Кур`анот и Хадис, како и вредностите на овој месец, кој треба да биде исполнет и со намаз и добри дела.
Рамазан Шериф Мубарек Олсун!









