Пеп Гваридола, тренерот на Манчестер Сити, го коментира дуелот против Лидс Јунајтед на кој неговиот тим доживеа пораз (1-2) иако имаше играч повеќе. Македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски асистираше за победничкиот гол, кој падна во самиот финиш.

„Кога губиш, селекцијата на тимот е грешна, а кога победуваме, јас сум генијалец!? Не се каам за изборот на играчи затоа што им верувам. Ако не им верував, тие немаше да играат. Сите беа добри. Мечот беше полн со транзиции. Ние моравме да ги избегнеме, а тие го направија тоа. На 10 против 11 ни беше потребна инспирација да не им дозволуваме да трчаат во длабочина. Го правевме тоа доста добро некое време, потоа Рафиња имаше шанса, Едерсон одбрани, па дадоа гол. Кога напаѓаш, мора да контролираш игра и да не дозволуваш на противникот да трча и да создава шанси“, изјави Пеп.

И покрај поразот Манчестер Сити е апсолутен лидер во Премиер лигата и со едната рака ја држи титулата во англиската елита. Сега фокусот на Пеп е кон Лигата на шампионите и реваншот против Дортмунд.


 

Gol