Ирачкиот министер за надворешни работи, Фуад Хусеин (Fuad Hussein), во саботата повика да најде механизам за дијалог меѓу влијателните држави вклучени во Сирија (Syria), со цел да се постигне стабилност во земјата разорена од војна, пренесува „Агенција Анадолија“ („Anadolu Agency“).
Повикот се случи заа време на прес-конференција, одржана во Багдад (Baghdad) со генералниот секретар на Арапската лига (Arab league), Ахмед Абул Геит (Ahmed Abul Gheit,), кој пристигна во ирачката престолнина порано истиот ден.
Највисокиот ирачки дипломат рече дека разговорите со Абул Геит (Abul Gheit), се однесуваат на арапските односи со соседните земји, вклучувајќи ги и Турција (Turkey) и Иран (Iran).
Дискусиите се осврнаа и на прашања поврзани со работата на Арапската лига (Arab league) и ситуацијата во Сирија (Syria), рече Хусеин (Hussein).
Ирачкиот министер рече дека нестабилноста во Сирија негативно влијае на ситуацијата во Ирак (Iraq).
„Неопходно е да се работи заедно за да се најде механизам за дијалог со разни земји кои имаат влијание во Сирија (Syria)“, рече Хусеин (Hussein).
Сирија (Syria) е вовлечена во страшна граѓанска војна од почетокот на 2011 година, кога режимот на Башар Ал-Асад (Bashar Al-Assad) спроведе акција против продемократските протести со неочекувана жестокост.
„MEMO“
„Dubai-Portal“










