Бил Гејтс (Bill Gates) смета дека е Бог, да го контролира Сончевиот систем. Сака да ги рефлектира сончевите зраци и на тој начин да спречи глобално затоплување“, изјави презентерот на „Фокс њуз“, Такер Карлсон (Tucker Carlson), за финансирањето на експериментот од страна на Гејтс, со спречување на глобалното затоплување.

[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=-wwIBUCBrF8[/embedyt]

Неговиот соговорник Мајкл Шеленбергер (Michael Schellenberger) изјави дека Гејтс (Gates) може да предизвика „нуклеарна зима“.

Карлсон (Carlson) рече дека последиците од експериментот финансиран од Гејтс (Gates), можат да бидат катастрофални за целиот свет.

„Бил Гејтс (Bill Gates) не е Бог. Бил Гејтс е чуден, социјално непријатен богат лик кој живее во Сиетл (Seattle). Тој не е сопственик на планетата Земја, но произволно ја менува планетата Земја. Ова не е само над неговиот двор во Сиетл, ова е над вашиот двор и нашите океани и целата планета земја.

Според „Форбс“ („Forbs“), Френк Куч (Frank Kuch) е главниот истражувач на проектот, „тој не знае какви ќе бидат резултатите. Ајде да експериментираме со светот и да видиме што ќе се случи“, рече Такер.

Неговиот соговорник, новинар и писател Мајкл Шеленбергер (Michael Schellenberger), рече дека таквата идеја е „луда“, предупредувајќи дека станува збор за „многу неодговорен“ експеримент, пренесува „Фокс њуз“ („Fox news“).

Експериментот познат како стратосферска контролирана пертурбација, планиран од научниците од „Харвард“ („Harvard“), треба да испита дали аеросолите што ја одбиваат сончевата светлина, како што е прашокот калциум карбонат, кога се раствораат во атмосферата, можат да ги ублажат ефектите од глобалното затоплување, објави „Форбс“ („Forbs“).

„Јас коавторував написи со истражувачи од „Харвард“ („Harvard“). Јас лично им реков дека ова е морничава идеја. Повеќето научници не се согласуваат со неа“, рече Шеленбергер (Schellenberger).

Тој додаде дека предлогот на научниците од „Харвард“ („Harvard“), е „идентичен од оној од кој се плашевме во осумдесеттите години – нуклеарна зима, односно намерно ладење на планетата“.

„Влијанието врз земјоделството е целосно непознато. Тие тоа го нарекуваат експеримент, но знаат дека не постои начин, да се знае какви ќе бидат планетарните ефекти “, вели Шеленбергер (Schellenberger).

Тој предвидува дека Гејтс (Gates) и другите вклучени во експериментот ќе се соочат со спротивставување „на секој чекор“.

„Многу е неодговорно. Тие го знаат фактот дека никогаш нема да добијат меѓународно одобрување за такво нешто. Значи, тие во основа се обидуваат да ја нормализираат и да ја направат прифатлива идејата што всушност треба да биде крајно вознемирувачка за нас“, заклучи Шеленбергер (Schellenberger).


„Sputnik“

„Dubai-Portal“