34
Во немирите во Белфаст (Belfast) во четвртокот вечерта беа повредени 19 полицајци, а државниот секретар Брендон Луис (Brandon Lewis) ќе се состане со локалните политички партии за да разговара за ситуацијата.
Насилството било помалку интензивно во четвртокот отколку во средата, но полицајците биле нападнати со молотови коктели, пиротехнички средства и камења, објави „Белфаст телеграф“ („Belfast Telegraf“).
Водени топови беа користени за прв пат во Северна Ирска (Northern Ireland) во изминатите шест години за растерување на група националисти, се додава во текстот.
Од почетокот на немирите, кои траат повеќе од една недела, 74 полицајци се повредени.
„Sputnik“
„Dubai-Portal“
