АНКАРА (АА) – Турскиот спортист Данијар Исмаилов постави европски рекорд и освои две златни медали на Европското првенство во кревање тегови кое се одржа во Русија, јавува Агенција Анадолија (АА).
![]()
Исмаилов го освои златото и го собори европскиот рекорд во машка категорија до 73 килограми со кревање 160 килограми во Москва.
29-годишниот кревач на тегови, кој крена 181 кг во категоријата „clean & jerk“, освои злато со вкупно 341 килограми и стана европски шампион.








