Израелскиот претседател Рувен Ривлин изјави дека ниту еден лидер на партија нема доволно поддршка за формирање владејачкото мнозинство, но му ја довери таа работа на поранешниот премиер Бенјамин Нетанјаху, кому му се суди за корупција.

Нетанјаху, премиерот со најдолг стаж, доби нова шанса да ја спаси својата кариера. Тој има поддршка од максимум 52 члена на Кнесетот, израелскиот парламент, но за мнозинство се потребни 61.

Ако завојуваните политички фракции се согласни за нешто, тоа е дека Израел не треба да оди на петти избори од 2019 година.

„Ниту еден кандидат нема реални шанси да формира влада што ќе ја има довербата од Кнесетот“, рече Ривлин. Тој рече дека би му ја дал таа работа на Кнесетот кога законот би го дозволувал тоа.

„Ја знам позицијата на многумина дека претседателот не треба да му дава мандат на кандидат што се соочува со кривична пријава, но законот вели дека може“, додаде Ривлин.

Тој рече дека Нетанјаху има малку поголеми шанси за формирање влада и затоа решил да му го довери мандатот.

На изборите одржани на 23 март, партијата Ликуд на Нетанјаху освои најмногу 30 пратенички места, но со своите традиционални сојузници, верски партии и националисти има само 52 пратеници.

Ниту една партија не го има потребното мнозинство од 61 место во Кнесетот, па претседателот мораше да одлучи кој има најголеми шанси за коалиција.

MKD