Нигериската полиција соопшти дека 1.844 затвореници побегнале од затвор во градот Овери, на југоисточниот дел на земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на нигериската поправна служба, Франсис Енобор, изјави дека нападот на затворот се случил вчера и дека вооружените лица користеле експлозиви за принудно да ја отворат капијата.
Затворот за време на нападот е запален, а изгореа и голем број возила што се наоѓале на тоа подрачје.
Енобор изјави дека шестмина затвореници доброволно се вратиле, додека потрагата по останатите е во тек.
Во меѓувреме е започната и истрага за нападот.
Слични напади во јужниот дел на Нигерија повремено извршува сепаратистичкиот Домороден народ на Бијафра (IPOB).
Во акциите извршени на 29 март уапсени се 16 членови на Домородниот народ на Бијафра (IPOB), кои со себе имале пиштоли и бомби.
Милиони луѓе ги загубија животите во граѓанската војна што изби во 1967 година, кога жителите на Бијафра се побунија, барајќи воспоставување независна држава Бијафрана на јужниот дел на Нигерија.
Република Бијафра, основана во 1967 година на јуогисточниот дел на државата, повторно е ставена под суверенитот на Нигерија на крајот на граѓанската војна.
Домородниот народ на Бијафра (IPOB), што Нигерија го прогласи за терористичка организација, сака да воспостави независна држава.
Anadolu Agency










