БРИСЕЛ (АА) – Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, оствари разговор со украинскиот претседател Владимир Зеленски во однос на воените активности на Русија во Украина, и ја изрази поддршката од Алијансата за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во објавата на социјалните мрежи, Столтенберг даде информации за неговиот телефонски разговор со Зеленски.
Истакнувајќи дека НАТО е сериозно загрижен за воените активности на Русија во и околу Украина и кршењето на примирјето, Столтенберг рече: „НАТО цврсто го поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.“
Столтенберг, исто така, наведе дека се посветени на блиското партнерство меѓу Украина и Алијансата.
На крајот на март украинската Армија соопшти дека Руските вооружени сили испраќаат трупи до границите на Украина под изговор за воена вежба.
Од друга страна, Кремљ соопшти дека Русија ги придвижува своите воени сили на својата територија по сопствено мислење и дека тоа не претставува закана за никого.
Од 2014 година, над 13.000 луѓе ги загубија животите во судирите меѓу администрацијата на Киев и проруските сепаратисти, кои прогласија таканаречена независност во регионот.
Anadolu Agency









