Елон Маск, додаде 5,6 милијарди долари за само еден ден на почетокот на новата недела, откако акциите на неговата компанија пораснаа.
Така, нето-вредноста на милијардерот веќе достигнува 169,5 милијарди долари, според пресметките на Форбс. Акциите на компанијата забележаа значителен пораст откако Тесла претстави подобри од очекуваните резултати за првиот квартал од годинава.
И по искачувањето на акциите, Маск останува втор по богатство по основачот на Амазон, Џеф Безос, чија нето вредност е 188,1 милијарди долари.
Најголемиот дел од богатството на Елон Маск доаѓа од неговиот 21 процентен удел во Тесла. Тој поседува околу 147 милиони акции и над 56 милиони опции на акциите на компанијата.
За месеците помеѓу јануари и март 2021 година, Тесла испорача 184 000 возила, што е над проценетата испорака од скоро 178 000 единици.
Акциите на производителот пораснаа за скоро 8% за време на прелиминарното тргување на почетокот на неделата. Пред отворањето на берзите во САД, нивната вредност достигна 713 долари.
Biznisvesti.mk / uktimenews.com









