Поранешниот министер за правда на Македонија, Џевдет Насуфи оценува дека по промената на владата на Косово, не очекува никаква промена во надворешната политика во однос на Северна Македонија. Но, тој додава дека изјавите на косовските политички лидери за незадоволство се упатени кон лидерите на Албанците во Македонија.
„Изјавите на лидерите на движењето Самоопределување дека не се задоволни од состојбата на Албанците во Македонија, првенствено се однесува на партиите на Албанците во Македонија кои повеќе години не се во можност со интензивно толкување, да го спроведат Охридскиот договор. Косово, предводено од владата на Курти, нема да ја смени надворешната политика за регионот или во меѓународните односи, но ќе рационализира многу повеќе отколку што е направено досега, вклучително и односот и соработката со Македонија“, изјави Насуфи за Слободен печат.
Sloboden Pecat








