Експертите се обидуваат да го фатат тигарот Амур (Amur), кој од јануари напаѓа кучиња во неколку села во регионот на Приморје и вешто избегнува стапици поставени од Службата за контрола на лов, пренесува центарот „Амур тигар“ („Amur Tiger“).

„Како што рече шефот на администрацијата за заштита на објекти од див свет, Алексеј Сурови (Aleksei Surovi), од почетокот на јануари 2021 година, тигарот бил во две села во регионот Хасан (Hassan).

„Забележан е неколку пати во селото Занадворовка (Zanadvorovka), каде тигарот убил повеќе од десет кучиња во периодот од 11 јануари, до 29 март“, се вели во соопштението.

Посочено е дека sверот влегува во селата поради кучиња скитници кои се собираат во таа област, поради отпадите од домаќинствата.

После неуспешните обиди, да го избркаат тигарот, „Росприроднадзор“ („Rosprirodnadzor”) издаде дозвола за негово ловење.

Засега, тигарот вешто ги избегнува стапиците поставени од експертите и се движи од една во друга населба, што го отежнува неговото фаќање.

„И покрај тоа што е млад, sверот е претпазлив и паметен, но фаќањето е прашање на време. Групата во моментов доби засилување и се надеваме дека ова ќе го забрза решавањето на конфликтната ситуација “, истакна Сурови (Surovi).

Според зборовите на генералниот директор на центарот „Амур тигар“ („Amur Tiger“), Сергеј Арамилев (Aramilev), тигарот мора да биде фатен за да се утврдат причините за неговото однесување, а доколку сè оди како што треба, тој ќе биде преместен на друг дел од областа.

Во февруари, генералниот директор на центарот „Амур тигар“ („Amur Tiger“), Сергеј Арамилев (Sergei Aramilev), објави дека експертите се обидуваат да го избркаат тигарот, кој уби две домашни животни во близина на националниот парк „Леопард земја“ („Leopard Land“).

Тигарот Амур е еден од најретките предатори на планетата и е запишан во Меѓународната црвена книга. Според експертите од есента 2020 година, во Русија (Russia) има нешто повеќе од 600 тигри. Се очекува следните студии за тигарот Амур да бидат во текот на зимата 2021-2022 година.

[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=zyIvO-xQzWk[/embedyt]


„Sputnik“

„Dubai-Portal“