Околу 1000 години старата џамија „Султан Махмуд Газневи“ во 1985 година беше откриена од страна на италијанските археолози во градот Сват во Пакистан, а привлекува внимание со тоа што е најстарата џамија во северниот дел на земјата, пишува Агенција Анадолија (АА).
Во близина на калето Раџа Гира изградена е џамија како симбол на победата на војската на Султан Махмуд против будистичкиот владетел во Сват, Раџа Гира.
Џамијата е изградена во 1048-1049 година во околината на планината Одиграм, која е откриена откако еден од селаните сакал да изгради куќа на местото каде што се наоѓа џамијата.

Оваа џамија е откриена во 1985 година од страна на италијанските археолози, а од тој датум досега се претвори во едно од најважните места за посета од страна на домашните и странските туристи, како и истражувачи.
– Ископувањата завршија за 14 години –
Ископувањата околу џамијата траеја од 1985 до 1999 година, а откриено е дека џамијата била изградена со хипостилна структура со дрвени потпори.
На епитафот во џамијата пишува дека џамијата била изградена во 1048-1049 година од страна на командантот на Султан Махмуд, Амир Нустагин.
На местото каде што се наоѓа џамијата има еден гроб, соби, како и воденица.

Гробот е на Пир Кушал, еден од командантите на Султан Махмуд.
Џамијата „Султан Махмуд Газневи“ е најстарата џамија во северниот дел на Пакистан, а се смета за еден од најстарите примери на исламската архитектура.
Пакистанските власти направија пат со цел полесно да се посетува џамијата, нешто што предизвика зголемување на бројот на посетителите.
Д-р Абдул Самед, директор на Археолошкиот музеј „Хајбер Пахтунхва“, во изјавата за АА истакна дека џамијата „Султан Махмуд Газневи“ е најстарата џамија во северниот дел на Пакистан.

„Затоа за нас е поважна нејзината историска вредност, отколку архитектонската структура“, рече тој.
Самед нагласи дека како што е видливо, во џамијата не останале толку архитектонски делови, додавајќи дека ѕидовите и михработ сè уште стојат, но дека кровот на џамијата не постои.
Според него, во план се реставраторски работи на местото од џамијата, а како што рече Самед, тоа не значи дека повторно ќе биде изградена џамијата.
Anadolu Agency









