Холандските власти денеска ја прекинаа вакцинацијата со вакцината АстраЗенека за лица помлади од 60 години, откако со вакцинирањето со оваа вакцина починало женско лице, пишува Ројтерс.
Како резултат на таа одлука, околу 10.000 закажани термини за вакцинација ќе бидат откажани. „Во Холандија, една жена почина откако била вакцинирана со АстраЗенека, таа имала комбинација на белодробна емболија и мал број на тромбоцити“, објави денеска Центарот за несакани ефекти Лареб. Досега во Холандија, вкупно пет жени на возраст помеѓу 25 и 65 години имале тромбоза и низок број на тромбоцити откако биле вакцинирани со AstraZenecа, пишува NL Times.
Според Центарот Лареб има пет случаи на 400 000 дози вакцина. Тромбоза и низок број на тромбоцити се случиле помеѓу 7 и 10 дена по вакцинацијата. Тромбозата е болест на васкуларниот систем во која згрутчување на крвта и формирање на тромб. Белодробна емболија е формирање на тромб во белите дробови. Лареб наведува дека три жени, вклучувајќи ја и онаа која починала, имале обемна пулмонална емболија, четвртата исто така имала мозочно крварење, а петтата имала тромбоза на абдоминалната вена.
Симптомите кај сите пет жени личат на тромбоцитопенија (ХИТ), преголема реакција на имунитетниот систем во кој телото произведува антитела против сопствените тромбоцити.
Извор:Вијести.ба









