Турција ќе продолжи со ограничувањата и за време на месец Рамазан, изјави претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган.

„Полицискиот час од 21 до 5 часот наутро ќе продолжи“, рече Ердоган по состанокот на владата во претседателскиот комплекс, кој траеше повеќе од три часа.

Како дел од мерките, исто така, ќе биде ограничено работењето на ресторани и кафулиња кои ќе можат да работат со максимум 50 проценти од капацитетот.

Тој истакна дека од вкупно 81 провинција во Турција, 58 или 80 проценти од населението е класифицирано како многу изложено на ризик од коронавирус.

„За време на месецот Рамазан, собирите за суфур и ифтар, се забранети во земјата“, рече претседателот на Турција.

Покрај тоа, рече Ердоган, ќе се воспостават заклучувања (локдаун) за време на викендот низ цела Турција за време на месец Рамазан.

Faktor