Ердоган го прими министерот за надворешни работи на Катар, Ал Тани

by Administrator

Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, го прими министерот за надворешни работи на Катар, Мухамед бин Абдулрахман ал Тани, јавува Агенција Анадолија (АА).

Ердоган го прими Ал Тани во резиденцијата „Вахдетин“ во истанбулскиот кварт Ченгелќој.

Откако фоторепортерите го забележаа почетокот на состанокот, разговорот продолжи зад затворени врати. Средбата траеше 45 минути, и не е соопштено кои се темите на разговорот.

You may also like