Античкиот град Туркистан, кој пред три години во Казахстан беше прогласен за центар на покраината Туркистан, заживува како духовен и културен центар на туркискиот свет, пишува Агенција Анадолија (АА).

Може да биде слика на надвор

Покраината Туркистан, која има историја од околу 2 илјади години, стана главен град на казахстанскиот ханат. Таму живеел духовниот водач на туркискиот свет, Хоџа Ахмет Јесеви, кој исто така служел кон процесот на ширење на исламот во Централна Азија.

Може да биде слика на споменик и надвор

Во Туркистан живеат повеќе од 2 милиони жители, и се наоѓа на трасата на историскиот Пат на свилата што ги поврзува Европа и Азија.

Туркистан со векови го претставува пулсот на духовниот, политичкиот и трговскиот живот на историскиот Пат на свилата. Покраината започна да заживува во 1991 година кога Казахстан ја прогласи својата независност.

Може да биде слика на надвор и споменик

Со одлуката донесена од основачот, претседателот Нурсултан Назарбаев, на 19 јуни 2018 година покраината Туркистан доби централизиран статус.

На неформалниот Самит на шефовите на држави на Туркискиот совет што ќе се одржи на 31 март 2021 година, се планира на Туркистан да му се даде статус „Духовна престолнина на туркискиот свет“.

Може да биде слика на надвор

– Туркистан има важни елементи што ги обединуваат туркискиот свет и неговите народи –

Проф. д-р Досај Кенјетај од Меѓународниот турско-казахстански универзитет „Хоџа Ахмет Јесеви“ во изјавата за Агенција Анадолија (АА) ја истакна важноста на покраината Туркистан за туркискиот свет.

Професор Кенјетај рече дека Туркистан, каде што се наоѓа мавзолејот на Хоџа Ахмет Јесеви, го заслужува епитетот „духовна престолнина на целиот туркиски свет“.

Истакнувајќи дека Туркистан има важни елементи што ги обединуваат туркискиот свет и неговите народи, Кенјетај рече: „Своевремено имаше едно сфаќање дека местото каде што се наоѓаат гробниците на светците е главен град. Затоа што главниот град значи врата кон вистината. Затоа, скоро 30 казахстански канови, повеќе од 50 бегови и херои беа погребани во гробницата на Хоџа Ахмет Јесеви.“

– „Наша цел е да го направиме центар на духовниот и културниот туризам“ –

Гувернерот на покраината, Омирзак Шукејев, во изјавата за новинарите од земјите кои говорат туркиски јазици, рече дека од 2018 година Туркистан се гради не само како провинциски центар, туку и како духовен и културен центар на турскиот свет.

Истакнувајќи дека гробниците на Хоџа Ахмет Јесеви и турбето на Арслан Баба во покраината и античките градови како што се Отрар и Сауран се вклучени во Листата на светското културно наследство на УНЕСКО, Шукејев рече дека имаат за цел Туркистан да стане центар на духовен и културен туризам.

– Во Туркистан за три години се инвестирани 3,5 милијарди долари –

Во изјавата за АА, заменик- гувернерот на покраината Туркистан, Меирџан Мирзагалиев, истакна дека во последните три години во Туркистан има директни странски инвестиции во вкупна вредност од 3,5 милијарди долари.

Мирзагалиев, подвлекувајќи дека поголемиот дел од важните проекти во Туркистан се преземени од турски компании, рече: „Досега се активирани над 100 инвестициски проекти. Како што можете да видите, градот заживува. Инфраструктурата и трговијата се развиваат.“

Наведувајќи дека во Туркистан е воспоставена слободна економска зона, Мирзагалиев нагласи дека инвеститорите кои сакаат да основаат капацитети во регионот се ослободени од даноци за земја, имот и царина.

– Историскиот Пат на свилата заживува –

Во Туркистан во тек се напори за ревитализација на историскиот коридор на Патот на свилата. Меѓународниот аеродром „Туркистан“, кој беше отворен на 1 декември 2020 година, планира да биде домаќин на 3 милиони патници годишно. Од друга страна, Меѓународниот автобуски терминал „Туркистан“, изграден од нула, дава можност за патување со автобуси не само во земјата, туку и во Узбекистан и Киргистан.

Властите оваа година имаат за цел да започнат со изградба на брза железничка линија помеѓу казахстанскиот град Туркистан и главниот град на Узбекистан, Ташкент.

– Традиционалните мотиви привлекуваат внимание во архитектурата на Туркистан –

Генералниот план на новиот дел на Туркистан, изграден на површина од приближно 22.000 илјади хектари, се состои од три дела, вклучувајќи деловни и јавни згради, духовен центар, домување и индустриски области.

Покрај музејот и театарот на отворено, во градот има и хотели со 5 ѕвезди. Источните и традиционалните казахстански мотиви привлекуваат внимание во архитектурата на новиот Туркистан.


Anadolu Agency