Втор ден по ред група луѓе протестираат пред гимназијата Бетли во Западен Јоркшир, бидејќи на еден школски час беше прикажана карикатура на пејкамберот Мухаммед с.а.в.с
Собраните граѓани протестираат против карикатурата и бараат разрешување на професорот кој ја покажа карикатурата на својот час, пренесува Би-Би-Си.
Еден од демонстранти рече дека училиштето не го сфатило сериозно ова прашање, бидејќи биле потребни четири дена „да се суспендира само еден од вклучените наставници“.
Друг демонстрант, кој се претстави како Хусеин, рече дека не сака на децата да им се учи каква било форма на екстремизам.
Поранешната претседателка на Конзервативната партија, Варси, рече дека разговарала со ученици и родители во текот на изминатите 24 часа и дека „многу ученици биле вознемирени за тоа што се случило“.
Поради ваквиот развој на наставата, училиштето се префрли на часови на Интернет, а управата на училиштето испрати извинување, во кое се наведува дека наставникот кој ја покажал карикатурата е суспендиран.
„B92“
„Dubai-Portal“










