Предложените измени на законот за гаранција во Германија, може да доведат до скок на цените на користените автомобили во таа земја за околу 10 до 20 проценти, но и до крај на продажбата на постари користени автомобили. Ова може да влијае и на пазарот на Балканот, бидејќи голем број автомобили се увезуваат од Германија.
Германскиот закон за гаранции треба да се усогласи со директивите на ЕУ за продажба на стоки, а Германското државно здружение на независни дилери на моторни возила се побуни против овие измени и им се обрати на германските власти заради последиците што може да ги донесат промените во законот.
Здружението наведува дека планираните измени се многу неповолни и неодржливи за трговијата со моторни возила, пренесува списанието на Хрватскиот авто-клуб.
Европските правила предвидуваат дека секој продавач мора да даде едногодишна гаранција, што траеше шест месеци досега. Како што е наведено во Европската директива за продажба на стоки, „секоја неусогласеност што ќе се појави во рок од една година од моментот на испорака на стоката, ќе се смета дека постоела за време на испораката, освен ако не е докажано поинаку или не е во согласност со природата на стоката или природата на непочитувањето“.
Дилерите на автомобили наведуваат дека толку долг рок им создава големи проблеми. Иако новите регулативи се во корист на купувачите на користени автомобили, на долг рок тие можат да бидат најоштетени, поради зголемувањето на цените на возилата.
„Sputnik“
„Dubai-Portal“








