ХОЛАНДИЈА (АА) – Холандската полиција во нејзината преписка на групите на социјалните мрежи во врска со смртта на 16-годишно девојче со турско потекло ја употреби фразата „Уште еден Турчин помалку“, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според веста објавена во холандските локални медиуми, започната е истрага против полицијата на Ротердам за „расистички говор“ во групите на „ВатсАп“.

Во рамките на истрагата, утврдено е дека полицијата користела расистички и дискриминаторски изјави против малцинствата, мигрантите и Африканците во земјата.

Еден од полицајците за Хумејра Е., која е убиена кога излегувала од училиште, го употребил изразот: „Уште еден Турчин помалку.“

Началникот на полицијата во Ротердам, Фред Вестербеке, истакна дека изразот користен за смртта на Хумејра Е. треба да биде осуден за навредлив.

Вестербеке потврди дека против полицајците е започната истрага.

Хумејра Е., која се образовала на Колеџот за дизајн во Ротердам, беше убиена од нејзиното поранешно момче додека се враќала од училиште на 16 декември 2018 година.

Хумејра Е. претходо поднела жалба до полицијата за вознемирување, но нејзините жалби не биле земени во предвид.


„Anadolu Agency“