Данска е подготвена да ги отвори вратите на стадионот во Копенхаген за навивачи за време на Европското првенство.
Данската влада денеска потврди дека на четирите натпревари од ЕП кои ќе се играат во Копенхаген ќе може да присуствуваат најмалку 11.000 навивачи на трибините.
– Европското првенство е историски настан за Данска. Владата одлучи да дозволи најмалку 11-12.000 гледачи за четирите натпревари на стадионот „Паркен“ – изјави данскиот министер за култура, Џој Могенсен.
Во зависност од актуелната здравствена состојба, бројката на гледачи на стадионот „Паркен“ може да биде зголемена, но и намалена доколку се зголемува бројот на заболени од коронавирусот.
– Исто така ја известивме Данската фудбалска федерација (ДБУ) но и УЕФА дека ќе биде потревно да се забрани присуство на гледачи во случај на ширење на вирусот – додаде министерот Могенсен.
Европското првенство требаше да се игра минатата година но поради пандемијата на коронавирусот е одложено за ова лето и ќе се одржи во 12 европски градови и држави, а на него за прв пат ќе учестувва и репрезентацијата на Македонија.
Македонија своите натпревари против Австрија и Украина ќе ги игра во Букурешт, додека дуелот со Холандија ќе се игра во Амстердам.
„Sloboden Pecat“








