РИМ (АА) – Етна, еден од активните вулкани во јужна Италија, повторно исфрла лава и пепел, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според информациите објавени во италијанските медиуми, вулканот Етна на Сицилија висок 3.326 метри, по 16-ти пат исфрла лава и пепел од 16 февруари досега. Проток на лава е забележан на падината на вулканот поради ерупцијата што се случи од активниот кратер во југоисточниот дел од планината.

Во вестите се наведува дека пепелта што ја исфрла вулканот се искачила до висина од 4 до 6 километри и била јасно видлива од сателит и дека поради тоа, дадено е црвено предупредување за воздушниот простор над градот Катанија.

Покрај тоа, пистата на аеродромот во Катанија била прекриена со пепелта исфрлена од вулканот. Летовите во текот на ноќта се запрени, а пистата е исчистена.

Вулкански земјотреси се забележани околу планината пред и по вулканската активност на Етна.

Anadolu Agency