На 23.03.2021 година околу 14 часот, на паркинг простор на улицата „Владо Малески“ во Струга, сопственост на Јавното претпријатие за комунални дејности „Еко Струга“, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од А.Д. (42) од струшкото село Делогожда врз Х.Ж.(27) од истото село, вработен во Јавното претпријатие. Против напаѓачот, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава.









