Во БиХ во тек полициската акција „Скипер“, во која четири лица од Зворник се уапсени под сомнение за криумчарење мигранти.
Истрагата е реализирана во соработка со агенции од Србија, а има за цел откривање и разбивање на организирани групи кои шверцуваат мигранти, преку границата на реката Дрина.
Уапсените се обвинети за дејствување како членови на меѓународна група за криумчарење мигранти, која е осомничена за криумчарење на повеќе од 100 мигранти од Србија во Босна и Херцеговина во изминатиот период.
Sloboden Pecat









