Хаос на Хаити, мотоциклисти го блокираа патот на селекцијата на Белизе која се подготвува за настапите во квалификациите за Светското првенство.

Фудбалската репрезентација на Белизе доживеа вистински хорор по пристигнувањето во Хаити, каде треба да одигра квалификациски натпревар за учество на следниот Мундијал.

На тој пат нивната полициска придружба беше запрена од вооружени лица со пушки.

Тие побараа од возачот да го запре автобусот и го замолиле да се сврти и да оди каде што тие наредија, но за среќа на фудбалерите, полицијата брзо стигна која ги следела.

– Згрозени сме од она што ни се случи по пристигнувањето во Хаити и сме во контакт со ФИФА и КОНКАКАФ со цел да им обезбедиме на нашите играчи максимална безбедност за време на нивниот престој тука. Иако се видливо потресени од она што се случи, сите играчи се добро и покажаа голема храброст – стои во соопштението на репрезентацијата на Белизе.

Да додадеме уште дека Хаити е познат по честите киднапирања и дека земјата има навистина големи проблеми со разбојниците кои киднапираат и до 15.000 луѓе месечно.

Sloboden Pecat