Австралиските власти денеска издадоа најнова наредба за предупредување и евакуација поради поплавите.
Обилните врнежи од дожд повторно погодиле неколку делови на земјата, носејќи со себе домови, патишта и добиток.
Националната метеоролошка агенција издала предупредување за временска прогноза во скоро сите држави и територии, а погодени се околу 10 милиони луѓе од земја со 25 милиони жители, во област со големина на Алјаска.
„Ситуацијата со дождот и поплавите останува динамична и крајно сложена“, рече премиерот Скот Морисон.
[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=7pjuDO6lEWU[/embedyt]
Засега нема пријавено смртни случаи, но службите во изминатите денови спасиле стотици животи. Властите наредиле 22.000 лица да бидат подготвени да ги напуштат своите домови и потенцијално да им се придружат на веќе евакуираните жители, кои досега се 18.400.
На илјадници луѓе кои живеат покрај реката Хоксбери, околу 60 километри северно од Сиднеј, им било кажано да бидат подготвени за евакуација.
Властите започнаа преговори и со супермаркетите за испраќање намирници до луѓето кои не можат да стигнат до продавницата, рече Федералниот министер за вонредни состојби Дејвид Литлпруд.
TV21








