Најмалку четворица цивили загинаа, меѓу кои две деца, а девет се повредени во експлозија во североисточниот сириски град Рас ал Ајн, на самата граница со Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).
Експлозијата во Рас ал Ајн, кој од елементите на терористичката организација ЈПГ/ПКК е исчистен во рамките на операцијата „Извор на мирот“, се случи околу полноќ.
Според информациите од болницата, во експлозијата загинаа најмалку четворица цивили, меѓу кои две деца, а повредени се девет лица. Причината за експлозијата сеуште не е утврдена.
Експлозијата предизвика материјална штета на куќите.
Anadolu Agency










