Лидерот на палестинската група „Хамас“ („Hamas“), во саботата (вчера) ги повика турските пратеници да се спротивстават на израелските „злосторства“, осврнувајќи се на уривањето на палестинските домови во Ерусалим (Jerusalem), јавува Anadolu Agency.
Во посета на градот Истанбул (Istanbul) на официјални разговори, Исмаил Ханије (Ismail Haniyeh) и други високи членови на групата, се состанаа со турски претставници и пратеници, вклучувајќи го и Хасан Туран (Hasan Turan), шеф на парламентарната група за пријателство Турција-Палестина.
Според писмената изјава на „Хамас“ („Hamas“), Хание (Haniyeh) под средбата подвлече дека Израел мора да го запре уривањето на домовите на Палестинците и нивното протерување од Ерусалим (Jerusalem), особено од квартот Шеик Јара (Sheikh Jarrah).
Истакнувајќи ја „политичката тежина“ на Турција (Turkey) и „мрежата на меѓународни и дипломатски односи способни да преземат позитивни активности за Ерусалим“, тој повика на заеднички став против ваквите „злосторства против палестинскиот народ“ со другите регионални и меѓународни парламенти.
Тој рече дека одлуката на Израел (Israel) да протера седум семејства од соседството во окупираниот источен Ерусалим (East Jerusalem) ќе биде „злосторство против човештвото и катастрофа“ за населбата и нејзините жители, кои ќе останат без покрив над главата.
Израелскиот Централен суд во источен Ерусалим (East Jerusalem) ја одобри одлуката за иселување на неколку палестински семејства, од нивните домови, во корист на израелски имигранти од почетокот на оваа година.
Од 1956 година, вкупно 37 палестински семејства живеат во 27 соседни населби. Сепак, илегалните еврејски доселеници се обидуваат да ги истераат според законот одобрен од израелскиот парламент во 1970 година.
„MEMO“
„Dubai-Portal“









