КУДС (АА) – Во западниот дел на Кудс (Ерусалим) се одржа протест против израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во пресрет на изборите што ќе се одржат во Израел на 23 март, јавува Агенција Анадолија (АА).

Неколку илјади луѓе се собраа пред израелскиот Парламент, од каде одржаа протестен марш до резиденцијата на премиерот во Западен Кудс.
Насобраните демонстранти, покрај државни знамиња на Израел, носеа и црни знамиња.

Демонстрантите носеа маици со натписот „Премиер криминалец“ и извикуваа слогани против Нетанјаху.

Полицијата за време на протестот презеде опсежни безбедносни мерки и ги блокира улиците во близина на местото на демонстрациите.
Приврзаниците на опозицијата во Израел веќе 39 недели одржуваат демонстрации на кои бараат оставка од Нетанјаху, обвинувајќи го за корупција.
Нетанјаху се товари за корупција поради подмитување, нарушување на довербата и измами, но тој ги негираше сите обвиненија.
Во Израел на 23 март ќе се одржат предвремени избори по четврти пат во рок од само две години, на кои право на глас имаат над 6,3 милиони граѓани.
„Anadolu Agency“










