Мухамед Асани е разрешен од функцијата директор на Болницата во Струга, но и понатаму работи како гинеколог. Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека експертите го истражуваат случајот, а во меѓувреме и Државниот санитарен и здравствен инспекторат продолжува со активностите.

Но, опозициската ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од ресорниот министер, обвинувајќи го дека не го решава проблемот со родилката од Дебар која остана без три органи. Пред неговата канцеларија на протест излегоа членките на партијата.

Мухамед Асани е разрешен од директорската функција, но Лекарската комора не му ја одзема лиценцата за работа како доктор, па поради тоа тој може да продолжи да работи како гинеколог. Родилката од Дебар не се откажува сѐ додека, како што рече, не ја истера правдата. Таа го обвинува Асани дека без потреба ѝ ја извадил матката, бубрегот и едниот јајник, но екс-директорот на болницата тврди дека тоа го сторил за да ѝ го спаси животот.

TV21