Отпуштени тројца австриски наставници, кои одбивале да носат маски

by Administrator

Тројца австриски наставници кои упорно одбивале да носат маски ФФП2 се отпуштени, објави денеска весникот „Кронен Цајтунг”.

„Направен е голем напор да се убедат да се придржуваат до хигиенските и превентивните мерки, но се беше залудно”, соопшти Министерство за образование.

На 25 јануари, Австрија ги заостри правилата и побара да се носат маски ФФП2, кои филтрираат честички, наместо претходно дозволените памучни маски.

Во Швајцарија, во меѓувреме, на купувач кој одбил да носи маска му било забрането да влегува во трговскиот ланец „Мигрос” за пет години.


„Sloboden Pecat”

You may also like