Сирискиот министер за нафта ,Басам Тома’а (Bassam Toma’a), откри дека околу 90 проценти од сириската нафта, е под контрола на американските сили, објави во петокот, „Арам њуз“ („Aram News“).
„Американците и нивните следбеници, се однесуваат како пирати додека се насочени кон сириското нафтено богатство и залихите на нафта“, рече сирискиот министер.
Министерот додаде: “Иднината на нафтената индустрија во [сириските] води е ветувачка. Потребен ни е мир и стабилни логистички околности”.
Тој изјави дека вкупните директни и индиректни загуби на сирискиот нафтен сектор надминаа 92 милијарди долари, истакнувајќи дека тоа што се случило во Сирија (Syria) никогаш порано не се случило, во врска со експлоатацијата на богатството и акциите.
Вреди да се спомене дека Министерството за нафта на режимот на Башар Ал-Асад (Bashar Al-Assad), потпиша договори со руската нафтена компанија „Капитал” („Capital”), за истражување нафта на бреговите на провинцијата „Тартус” („Tartus”), со површина од 2.250 км2.
„MEMO”
„Dubai-Portal”









