Струга: Пожар на езерска трска, на брегот од Охридското езеро

by Administrator

На 19.03.2021 година во ОВР Струга пријавен е пожар на езерска трска на брегот од Охридското езеро на потегот од Струга кон селото Калишта. Пожарот е изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Струга, а повредени лица нема. Од извршениот увид, констатирано е дека била опожарена трска на површина од околу 3000 метри квадратни на езерскиот брег, како и околу 5000 метри квадратни сува трева на приватна парцела.

You may also like