МОСКВА (АА) – Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека западните земји користат нелегитимни средства за да ги заштитат своите геополитички позиции, јавува Агенција Анадолија (АА).
Лавров во својот говор во Фондацијата за јавна дипломатија „Горчаков“ во Москва ја оцени надворешната политика на западните земји.
Наведувајќи дека западните земји, особено Соединетите Американски Држави (САД), не сакаат да соработуваат врз основа на еднаквоста, Лавров рече: „Колегите од Западот активно користат разни нелегитимни средства како што се присилна репресија и еднострани санкции за да ја задржат својата геополитичка позиција.“
Лавров истакна дека Западот се обидува да ја поткопа архитектонската структура заснована на Обединетите нации (ОН) основана по Втората светска војна, при што рече дека се загрижени поради тоа.
Истакнувајќи дека со западните земји ќе соработуваат во согласност со интересите на неговата земја, Лавров рече: „Ние сме подготвени да соработуваме во области што нас нѐ интересираат и во услови што се корисни за нас. Ситуацијата навистина не е едноставна, но ние сме подготвени да ја придвижиме ситуацијата во оваа насока.“
Anadolu Agency









