Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган порача дека поморската Битка на Чанаккале претставува „величествен еп на нашите херојските предци против нападите на светите вредности и постоењето на Турците во Анадолија”, јавува Агенција Анадолија (АА).

Ердоган упати порака по повод Денот на сеќавање на шехидите и 106. годишнина на поморската Битка на Чанаккале, присетувајќи се на сите шехиди на Чанаккале.

Тој порача дека нема да дозволи спроведување на никакви игри во Турција и дека својата земја и народ ќе ги брани со заедничка борба.

„Чанаккале претставува величествен еп на нашите херојски предци против нападите на нашите свети вредности и постоењето на Турците во Анадолија“, порача Ердоган, и додаде:

„Турскиот народ ги порази своите непријатели и во најтешки услови, доколку биде потребно подготвен е со иста одлучност да го даде својот живот за да го сочува единството.“

Во Европа попозната како Битката на Галиполе, е една од најкрвавите и најжестоки битки во Првата светска војна, но по многу показатели, и во историјата воопшто.

Anadolu Agency