Во Амбасадата на Република Турција во Скопје се одржа церемонијата по повод 18 Март, Денот на битката на Чанаккале и Денот на шехидите, јавува Агенција Анадолија (AA).

На церемонијата по повод Денот на битката на Чанаккале и Денот на шехидите присуствуваа амбасадорот на Турција во Скопје, Хасан Мехмет Секизќок, воениот аташе на Турската Амбасада во Скопје, полковник Серкан Чакир, заменик-советникот за верски услуги при Амбасадата на Република Турција во Македонија, Мустафа Тарик Коџа, претставници на политички партии во земјата, претставници на турските институции и организации во земјата и други гости.

Може да биде слика на 1 лице, стоење и внатре

На церемонијата, која започна со едноминутно молчење и интонирање на турската химна, амбасадорот на Турција во Скопје, Хасан Мехмет Секизќок, истакна дека секој шехид во историјата има своја различна приказна, но дека заедничка точка на овие приказни е љубовта кон татковината.

Амбасадорот Секизќок, во своето обраќање на церемонијата наведе дека со благодарност се сеќава на предците и шехидите од овие простори, кои ја прифатија  Македонија како татковина и со векови ја воспоставуваа културата на заедничкото живеење.

„Од нејзината независност, Турците од  Македонија продолжуваат да вложуваат големи напори за подобра иднина на Македонија на секое поле и да го зголемуваат нивото на благосостојба. Ги поздравувам со почит“, нагласи амбасадорот Секизќок.

Турцијa, како што нагласи амбасадорот Секизќок, со сите свои институции и организации ќе стои и ќе продолжи да стои зад Турците од Македонија, зад браќата на овие простори кои се аманет на предците и шехидите на Турците од Турција.

Амбасадорот исто така додаде дека секогаш треба да се сеќаваме дека Македонија има исклучително место во турската историја.

Воениот аташе на турската Амбасада во Скопје, полковник Серкан Чакир, во своето обраќање по повод годишнината од Битката на Чанаккале рече дека денеска се одбележува 106. годишнина од Денот на битката на Чанаккале и Денот на шехидите.

„Победата во Чанаккале беше пресвртна точка во светската историја, а турската нација играше одлучувачка улога низ таа историја. Треба да се знае дека оваа победа не беше лесно постигната, а продолжувањето на присуството на турската нација во Анадолија беше можно со победата во оваа војна“, рече полковник Серкан Чакир.

На крајот на церемонијата по повод 18 Март, Денот на битката на Чанаккале и Денот на шехидите, заменик-советникот за верски услуги при Амбасадата на Република Турција во Македонија, Мустафа Тарик Коџа, читаше молитва за шехидите во Битката за Чанаккале.

По завршувањето на церемонијата во Мустафа-пашината џамија во Скопје, Советништвото за верски прашања при Амбасадата на Турција во Скопје, во соработка со Исламската верска заедница на Македонија (ИВЗ) организира рецитирање на Куранот и молитва по повод 18 Март – Победата на Чанаккале и Денот на сеќавање на шехидите.

Може да биде слика на еден или повеќемина и внатре

Молитви од Куранот рецитираа муезинот на Мустафа-пашината џамија, Фуркан Јахја, хафизот Џемал Нухиу и заменик-советникот за верски услуги при Амбасадата на Република Турција во Македонија, Мустафа Тарик Коџа.

Како претставник на Исламската верска заедница на Македонија (ИВЗ) присуствуваше генералниот секретар Ирсал Јакупи.

Anadolu Agency