АНКАРА (АА) – Турската полиција во Хатај уапси двајца осомничени за планирање бомбашки напади во повеќе големи градови, јавува Агенција Анадолија (АА).

Турскиот министер за внатрешни работи, Сулејман Сојлу, утринава изјави дека безбедносните сили од почетокот на годината спречиле 26 обиди за терористички напади во земјата, а дека последниот е спречен токму денеска.

Потврдено е дека терористите на ПКК/КЏК/ПЈД/ЈПГ, кои по илегален пат влегле во Турција, се криеле во викенд-куќа во општината Кирикхан, во областа Хатај.

Во акцијата утринава, во која дошло во оружен судир меѓу безбедносните сили и терористите, се уапсени две лица со сириско потекло. Уапсениот Е. К. е ранет, додека со него е уапсен и М.К.

Се истакнува дека двајцата терористи се осомничени за планирање бомбашки напади во повеќе големи градови и се додава дека антитерористичките акции ќе продолжат.

Anadolu Agency