Најмалку 11 војници загинаа во напад врз воено претставништво во северниот дел на Мали, јавува Агенција Анадолија (АА).

Вооружените сили на Мали (FAM) соопштија дека военото претставништво, што се наоѓа во местото Тесит, на 60 километри оддалеченост од покраината Ансанго, на 15 март било цел на терористички напад.

Во соопштението се наведува дека во нападот загинале најмалку 11 војници, додека 14 се ранети, а 11 војници се водат како исчезнати. Се истакнува дека меѓу повредените се наоѓаат осуммина војници кои се во тешка состојба.

Сличен напад се случи на почетокот на февруари во местото Мопти, при што загинаа десет војници, а следуваше и напад врз воената база во Доуенца, каде што животот го загубија 20 војници на мировните сили.

Anadolu Agency