АНКАРА (АА) – Турските власти денес соопштија дека оваа година ќе обезбедат дополнителна поддршка за финансирање на проектите до 720.000 турски лири (95.000 долари) за истражувачите што доаѓаат во земјата од странство за спроведување истражувања, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Дополнително, Турција одвојува еден милион турски лири [133.000 долари] за истражувачите како почетен грант за истражувања во програмата за Меѓународни стипендии за истакнати истражувачи и 500.000 турски лири [66.000 долари] за програмата за Меѓународни млади истражувачи“, истакна турскиот министер за индустрија и технологија, Мустафа Варанк.
„За истражувачите што моментално престојуваат во земјата, Турција исто така нуди пакет стимулации за истражувања и развој до 1 милион турски лири (133.000 долари) во рамките на програмата, како и до 750.000 турски лири (100.000 долари) за истражувачите во рана фаза на истражување“, додаде Варанк.
Обраќајќи се на настан на Советот за научни и технолошки истражувања на Турција (ТУБИТАК) во Анкара, Варанк истакна дека 127 научници од 21 земја биле примени во програмата во 2019 година, а 42 научници минатата година.
Како дел од програмата за Меѓународни стипендии за истакнати истражувачи објавена во ноември 2018 година, Турција сака да привлече врвни истражувачи во земјата во координација со ТУБИТАК.
Министерот Варанк, исто така, го најави започнувањето на програмата за истражувачи во рана фаза на Меѓународните стипендии за привлекување млади истражувачи во земјата.
Anadolu Agency









