Претседателот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик и претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, денеска во Анкара потпишаа договор меѓу двете земји за соработка во инфраструктурни и градежни проекти, кој ќе го вклучува автопатот Белград-Сараево-Белград.
Во минатиот месец министерот за комуникации и транспорт, Војин Митровиќ и амбасадорот на Турција во БиХ, Халдун Коч разговараа за продолжување и забрзување на изградбата на овој автопат. Коч посочи дека Турција сè уште стои зад ветувањето за поддршка на проектот за изградба на автопат и брз пат што ќе ги поврзе главните градови на БиХ и Србија.
Radio Slobodna Evropa








