„Слободен печат“ дојде до целосниот извештај од спроведениот стручен надзор на Лекарската комора, за случајот каде на медицинската сестра од Дебар Јалдз Веапоска, извадени и беа матка, бубрег и јајник, иако во струшката болница отишла само за да се породи.

Во изјавата што директорот и гинеколог во струшката болница, доктор Мухамед Асани ја дал пред членовите на Лекарската комора, навел дека родилката ја породил со машко бебе, иако всушност, бебето е женско.

 

Во извештајот пишува дека кај родилката настапило крварење од артерија на левата страна, па затоа морале да го вадат и бубрегот. ,,Со оглед на тоа што крвниот сад не можел да биде реконструиран, оперативната екипа била принудена да направи левострана нефректомија” пишува во извештајот од Лекарската комора кој содржи 10 страници.

Прочитајте и…  Гевгелискиот совет: Да се поништи дозволата за складирање и третман на отпад на фирмата „GO Waste Solution”

-Не можеле да утврдат лекарска грешка, а повреден бил крвен сад. Јас сама го повредив?, прашува Веапоска за ,,Слободен печат”. И покрај тоа што во извештајот пишува дека имало крварење од артерија на левата страна и затоа бубрегот морало да биде изваден, за петчлената анонимна и гарантирано заштитена комисија на Лекарската комора, пропусти официјално во заклучокот, не се пронајдени. „Слободен печат“ со дозвола од пациентката го објавува извештајот од стручниот надзор.

Sloboden Pecat