Околу 200 еврејски фанатици во придружба на израелските полицајци упаднаа во дворот на Месџид ал Акса, што се наоѓа во зоната на Стариот Град во окупираниот Источен Кудс (Источен Ерусалим), пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според писменото соопштение на Управата на исламски вакуфи во Кудс (Ерусалим), 193 еврејски фанатици упаднале во Харем-и Шериф, влегувајќи преку портата „Ел Мегарибе“, што се наоѓа во југозападниот дел на Месџид ал Акса.

Во соопштението се нагласува дека групата Евреи, кои биле заштитени од страна на израелските полицајци, првин се прошетале во дворот на Харем-и Шериф, а потоа излегле од ова место.

Се очекува дека Евреите и попладне ќе продолжат со влегување во Месџид ал Акса.

Ваквите упади во Харем-и Шериф, извршени од Евреите во утринските и попладневниве часови, предизвикаа зголемување на тензиите во регионот.

Според мировниот договор потпишан на 26 октомври 1994 година помеѓу Израел и Јордан, Месџид ал Акса се наоѓа под покровителство на Управата за исламски вакуфи на Кудс при Министерството за вакуфи и исламски работи на Јордан.

Но, Евреите почнувајќи од 2003 година, без дозвола на оваа управа, со едностраната одлука на Израел влегуваат во ова свето место во придружба на полицајците.

Управата за исламски вакуфи на Кудс ги опишува овие влегувања како упад и смета дека се прекршува сувереноста на муслиманите.