Во синоќешните протести во Мјанмар смртно настрадаа четири лица

by Administrator

Четири лица го загубија својот живот при интервенцијата на безбедносните сили врз демонстрантите кои реагираа против воениот пуч и приведувањето на членовите на избраната влада, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според вестите на мјанмарските медиуми, демонстрантите синоќа се собрале пред полициските центри во градот Јангон.

Безбедносните сили со оружје интервенирале врз демонстрантите, кои бараа ослободување на приведените демонстранти.

Како резултат на отворениот оган врз толпата, во подрачјето на Таркеда во Јангон загинаа две лица и по едно лице во подрачјата на Мингладоне и Хлаинг.

По смртните случаи, демонстрантите ветија дека уште повеќе ќе организираат протести против хунтата.

Anadolu Agency

You may also like