КИЕВ (АА) – Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, истакна дека ја прифатиле Стратегијата за ослободување и реинтеграција на Крим, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Кулеба на својот профил на социјалната мрежа „Твитер“ рече дека прифатиле историски документ што се барал по руската анексија на Крим во 2014 година.
Наведувајќи дека Стратегијата за ослободување и реинтеграција на Крим е прифатена, Кулеба рече: „Нашата порака е јасна, не само што го повикуваме светот да му помогне на Крим да се врати на нас, туку и Украина, исто така под водство на [претседателот Владимир] Зеленски вложува свои сопствени систематски напори.“
Кулеба нагласи дека има три чекори за враќањето на Крим, при што рече: „Првата е Стратегијата одобрена денеска, втората е Консолидација: Нашите заеднички напори со партнерите во Кримската платформа, а третата е Синергија: Враќање на меѓународното право во Крим и повторно обезбедување на територијалниот интегритет на Украина.“
Anadolu Agency










