Драматична снимка на уплашен пингвин кој се брка низ студените води на Антарктикот, од група китови убијци можеби не е невообичаен приказ, но овојпат публиката играше клучна улога бидејќи снаодливиот пингвин избега скокајќи на еден од гумените чамци полн со туристи.
Китовите убијци биле во интензивна потрага по ручек, а пингвинот за влакно избегал по втор обид ,да скокне на сигурно.
Видеото покажува како пингвин се качува на работ на чамецот, каде што му помагаат туристите.
[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=Ljx-czk4B80[/embedyt]
Меѓу сведоците беа и блогерот Мет Карстен (Matt Carsten) и неговата сопруга Ана (Anna), кои го снимија овој необичен настан.
„Беше лудо да го видам со свои очи. Беше како да гледате епизода на „Национална географија“ на самото место.
Претпоставувам дека пингвинот се олесни што избега“, рече Карстен.
Видеото завршува со тоа што пингвинот гордо стои на чамецот, заштитен од напаѓачот.
По кратко крстарење, пингвинот се прости од туристите и скокна назад во ледената вода.
„Sputnik“
„Dubai-Portal“










