Во Аргентина се одржаа протести за расветлување на случајот со смртта на легендарниот фудбалер Диего Армандо Марадона, кој почина на 25 ноември 2020 година, јавува Агенција Анадолија (АА).

May be an image of 2 луѓе, луѓе кои стојат и надвор

Стотици луѓе се собраа во пред Обелискот, во центарот на главниот град Буенос Аирес, тврдејќи дека Марадона е убиен.

Демонстрантите бараа да се реши случајот и да бидат казнети оние што ја предизвикаа смртта на легендарниот фудбалер.

May be an image of 4 луѓе, луѓе кои стојат, надвор и гужва

На протестите присуствуваа помладиот син на Марадона, Диегвито Фернандо Марадона, ќерките на Марадона, Далма и Џанина Марадона, и поранешната сопруга на Марадона, Клаудија Виљафане. Поради големиот интерес за нив, ќерките и поранешната сопруга на Марадона од протестите си заминаа порано.

May be an image of 1 лице, стоење и надвор

Марадона, еден од најдобрите играчи во историјата на фудбалот, почина на 25 ноември во градот Тигре, Аргентина, поради „акутен белодробен едем поврзан со хронична срцева инсуфицинеција“.

Како дел од истрагата отворена по неговата смрт, седум лица, вклучително и неврохирургот на Марадона, Леополдо Луке и психијатарот Агустина Косачов, беа обвинети за предизвикување смрт на легендарниот фудбалер.

Како сведоци се сослушани и членовите на семејството на Марадона. Истрагата продолжува.

Anadolu Agency