Ланецот супермаркети „Лидл“ („Lidl“), неодамна објави продажба на автомобили во Германија (Germany), по дисконтни цени.

Во 2016 година, „Лидл“ („Lidl“) го продаде Fiat 500 за рекордно време, а сега се обидува да спроведе експеримент со три модели, но само во Германија (Germany).

Автомобилите ќе се нудат преку 48-месечен закуп.

Според порталот „Ревијајахак“ („Revijahak“), „Лидл“ („Lidl“) се здружил со компанијата за изнајмување автомобили „Сикст“ ( „Sixt“), за оваа комерцијална операција.

Се нудат три модели.

Првиот е „Рено Твинго Лајф“ (Renault Twingo Life“), кој се продава за само 99 евра месечно.

Вториот е „Рено Клио 5“ („Renault Clio 5-Life“), кој се нуди по цена од 109 евра месечно.

Третиот е „Киа Стоник кросовер“  („Kia Stonic crossover“) по цена од 135 евра месечно.

Покрај тоа, „Лидл“ („Lidl“) нуди услуги како што се испорака на возило, договор за одржување од 20,80 евра месечно, па дури и осигурување.


„Sputnik“

„Dubai-Portal“